VIII интердисциплинарен конгрес во Москва

VIII интердисциплинарен конгрес во Москва

Претседатеот на МНЗА проф. д-р Владимир Трајковски е поканет предавач на VIII-от интердисциплинарен стручно-научен конгрес со меѓународнон учество „Детска церебрална парализа и други нарушувања во движењето кај децата“ што ќе се одржи од 1 до 2 ноември 2018 година во Москва, Русија. Повеќе »

ЕСИПП Конференција

Конференција во рамките на ЕСИПП проектот одржана во март 2018 година во Лимасол, Кипар

Фокус на аутизмот

Учество на членови на МНЗА на меѓународната конференција „Фокус на аутизмот# одржана од 26-29 септември 2018 година на Педагошкиот универзитет во Краков, Полска

ReAttach конференција

Претседателот на МНЗА присуствуваше на првата ReAttach конференцијата што се одржа од 14 до 15 април 2018 година во Ајндховен, Холандија

Водич за музејска програма за деца/лица со аутизам

Промоција на Водичот за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства одржана на 2 октомври во Музејот на македонската борба во Скопје, Македонија

9-ти последен состанок на колегите вклучени во ЕСИПП проектот на Едукациско рехабилитацискиот факултет во Загреб, Хрватска во јули 2018 година

ЕСИПП конференција: „Помош и поддршка на родителите со аутизам“

ЕСИПП конференцијата: „Помош и поддршка на родителите со аутизам“ одржана на 1 ноември во Музејот на македонската борба во Скопје, Македонија

Годишно собрание 2017

Македонското научно здружение за аутизам има чест да Ве покани на годишното Собрание што ќе се одржи во НВО центарот при Младински културен центар во Скопје на 22.12.2017 година (петок), со почеток во 13:30 часот Повеќе...

Културолошка инклузија на децата со аутистичен спектар на нарушувања

Проект со Националната галерија на Македонија

 

Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А, 1000 Скопје
тел. +389 2/3116-520 (лок. 234); факс. +389-2-3118-143
E-mail: president@mssa.org.mk



ПРОМОЦИЈА НА ВОДИЧ ЗА МУЗЕЈСКА ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА/ЛИЦА СО АУТИЗАМ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА СЕМИНАР ЗА МУЗЕЈСКИ РАБОТНИЦИ РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА/ЛИЦА СО АУТИЗАМ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА

Во присуство на голем број колеги и соработници на 2 октомври 2018 г. беше промовиран Водичот за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства.

На свечената промоција се обратија заменикот министер за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, директорката на НУ Музеј на македонската борба, Даниела Николова, Нора Шакири-Марковиќ од министерството за култура на Република Македонија и партнерите на проектот – проф. д-р Владимир Трајковски од Македонското научно здружение за аутизам и Марија Делетиќ од ПОУ Д-р Златан Сремец од Скопје. Активностите продолжија со презентации на авторите на водичот, м-р Данијела Трајкова-Крстиќ, д-р Јасмина Трошанска и Ана Шикалеска. Ова беше всушност дел од Семинарот за музејски работници на кој земаа учество околу триесетина професионалци кои работат на едукацијата од повеќе институции во државата.

Проектот „Отворени музеи“ унапредување на инклузивноста, едукацијата, социјалната правда и пристапноста на музеите е програмска активност на НУ Музеј на македонската борба со кој ја одбележуваме 2018 Европската година на културно наследство. Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ.

Годишно собрание 2017

П О К А Н А

Македонското научно здружение за аутизам има чест да Ве покани на годишното Собрание што ќе се одржи во НВО центарот при Младински културен центар во Скопје на 22.12.2017 година (петок), со почеток во 13:30 часот, со следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Усвојување на записникот од годишното собрание за 2016 година;
2. Прием на нови членови;
3. Извештај за работата од 2017 година
     Проф. д-р Владимир Трајковски
4. Финансиски извештај за 2017 година;
     Доц. д-р Оливера Рашиќ Цаневска
5. Програма за работа на Собранието во 2018 година;
    Доц. д-р Владимир Илиевски
6. Замена на потпретседателот на МНЗА д-р Јасмина Трошанска
заради формирање на ново здружение за аутизам, нелојалност и
клеветење на МНЗА и незастапување на интересите на МНЗА;
7. Предлог за нов потпретседател на МНЗА;
8. Подобрување на разбирањето на емоции кај ученици со нарушувањe од аутистичен спектар – евалуација на
компјутерска интервенција
М-р Ивана Василевска Петровска
9. Разно

Скопје                                                                        Претседател на МНЗА
10.12.2017                                                         Проф. д-р Владимир Трајковски

Годишно собрание 2016

П  О  К  А  Н  А

            Македонското научно здружение за аутизам има чест да Ве покани на годишното Собрание што ќе се одржи во салата за едници на Филозофскиот факултет во Скопје на 26.12.2015 година (понеделник), со почеток во 13:00 часот, со следниот

ДНЕВЕН РЕД

  1.  Усвојување на записникот од годишното собрание за 2015 година;
  2. Прием на нови членови;
  3. Извештај за работата од 2016 година;
    Проф. д-р Владимир Трајковски
  4. Финансиски извештај за 2016 година;
    Доц. д-р Оливера Рашиќ Цаневска
  5. Програма за работа на Собранието во 2017 година;
    Доц. д-р Владимир Илиевски
  6. Проблеми во процесирањето и интегрирањето на сензорните дразби кај децата со аутизам
    Д-р Јасмина Трошанска
  7.  Разно

 

Скопје                                                       Претседател на МНЗА

14.12.2016                                Проф. д-р Владимир Трајковски