Нов Еразмус плус проект: AUTISM PCP – холистички пристап на планирање фокусирано на луѓе со аутизам
AUTISM PCP е иновативен меѓусекторски партнерски проект со силна европска додадена вредност. Како такoв, “AUTISM PCP” се осврнува на важни хоризонтални, како и секторски приоритети за Европската унија, како што се “социјално вклучување#, политики за учење на возрасни и напуштање на училиште (ESL).
Главните цели на “AUTISM_PCP” се:
– Јакнење на лицата кои се изложени на ризик од социјална исклученост и поконкретно зајакнување на лицата со АСН.
– Зајакнување на севкупните напори за социјално вклучување и интеграција на лицата на АСН во редовното образование и општество во целост.
– Подобрување на надлежностите на професионалците и сите оние поединци, како што се членовите на семејството и роднините итн., кои се вклучени во животот на лицата на АСН.
– Да се подигне свеста кај пошироката јавност во однос на социјалното вклучување на учениците со аутизам.
VIII интердисциплинарен конгрес во Москва
Претседателот на МНЗА проф. д-р Владимир Трајковски е поканет предавач на VIII-от интердисциплинарен стручно-научен конгрес со меѓународнон учество „Детска церебрална парализа и други нарушувања во движењето кај децата“ што ќе се одржи од 1 до 2 ноември 2018 година во Москва, Русија. Тој во рамките на 30 минутното предавање ќе говори на тема: „Асоцијација меѓу церебралната парализа и аутистичниот спектар на нарушувања“. Покрај предавањето се планира да се остварат значајни контакти со колеги од медицински институции од Русија и ширум Европа.
Соработка меѓу МНЗА и Институт за микробиологија и паразитологија
Почитувани родители на деца со аутистичен спектар на нарушување,
Сакаме да ве известиме дека е воспоставена соработка помеѓу Македонското научно здружение за аутизам и Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Имено на мое барање до колешката научен соработник д-р Гордана Мирчевска да се изработат бесплатни анализи на фецес на најмалку 35 деца и младинци кои имаат аутистичен спектар на нарушување, директорката проф. д-р Каќа Поповска, позитивно одговори. На сите кои се занимваат со оваа проблематика ви е познато дека во ГИТ на децата со АСН често се наоѓа патогената Candida albicans и некои хелминти. Позитивниот наод ќе значи давање на соодветна антикандидијазна и антихелмитична терапија, а со тоа подобрување на симптоматологијата на вашите деца. Познавајќи ја добро материјално финасиската состојба на семејствата кои имаат дете со АСН решив да ги замолам колегите од Институтот да ви излезат пресрет. Испитувањата веќе траат два месеци и остануваат уште малку реагенси. Вие ќе можете да однесете фецес на анализа на овој институт кој се наоѓа во старата зграда на Институти, или спроти Министерството за здравство.
Каква е постапката?
Вие како родители треба да набавите стерилно шише за фесец (да го купите) или да одите лично на Институтот и да ја побарате колешката д-р Гордана Мирчевска и таа да ви даде едно шишенце. Потоа, во наредните денови кога детето ќе дефецира наутро, да земете со лажичката малку од фецесот да го ставите во шишенцето и веднаш да и го доставите лично на неа. Напоменувам дека не е потребен упат од матичен доктор, ниту била какво плаќање за услугата. Бројот на анализи е ограничен на 35 и затоа ќе мора да побрзате. На институот ќе можете да отидете секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот.
За да нема грешни дијагнози и евентуално злоупотреба од други родители, сепак родителите ќе мораат прво мене да ми се јават, па јас потоа да одобрам дека навистина имаат АСН нивните деца, па дури потоа со моја препорака да одат на Институтот.
Би сакал во оваа пригода да упатам огромна благодарност до колешките: д-р Гордана Мирчевска за подготвеноста секојдневно да биде на располагање на нашите родители и на директорката проф. д-р Каќа Поповска за непреченото овозможување на оваа соработка.
МНЗА не престанува да се грижи за здравјето на лицата со аутистичен спектар на нарушувања.
Претседател на МНЗА