Monthly Archives: декември 2023
Годишно собрание 2023
П О К А Н А
Македонското научно здружение за аутизам има чест да Ве покани на годишното Собрание што ќе се одржи во салата за седници на Филозофскиот факултет во Скопје на 22.12.2023 година (петок), со почеток во 13:30 часот, со следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од годишното собрание за 2022 година;
2. Прием на нови членови;
3. Извештај за работата од 2023 година;
Проф. д-р Владимир Трајковски
4. Финансиски извештај за 2023 година;
Весна Филиповска
5. Програма за работа на Собранието во 2024 година;
М-р Андреа Ивановска
6. Разрешување на потпреседателката м-р Ивана Василевска Петровска заради формирање на сопствено здружение за аутизам
7. „Визуелна стимулација – Оптимизација на развојот кај деца со АСН по усвојување на вештината око – рака преку разбирање на разликите од периферен вид и типичен вид, симулирани преку аналогни математички модели“
Александар Савевски
8. Разно
Скопје Претседател на МНЗА
04.12.2023 Проф. д-р Владимир Трајковски