ICD-10 Дијагностички критериуми за аутистичното нарушување
Овие критериуми се востановени за прв пат во 1992 година од страна на Светската здравствена организација. Најмалку 8 од 16 специфицирани точки мора да се исполнети за да се постави дијагнозата аутизам.
а. Квалитативни нарушувања во реципрочната социјална интеракција манифестирани со најмалку три од следните пет:
- недостаток адекватен на користење очи во очи вкочанет поглед, лицева експресија, држење на телото и гестикулација за регулирање на социјалната интеракција.
- недостаток во развивање на квалитетни односи.
- ретко барање и користење на другите луѓе за удобност и љубов во време на стрес или несреќа или нудење на удобност и љубов на другите кога тие покажуваат страдање или несреќа.
- недостаток на споделено уживање во случај на посакувано задоволство во среќата на другите луѓе или спонатано барање за делење на сопственото уживање низ здружување со другите.
- недостаток на социо-емоционален реципроцитет.
б. Квалитативни нарушувања во комуникацијата
- недостаток на социјална употреба на било кој присутен јазик.
- нарушувања во замислувањето и социјално имитативната игра.
- сиромашна синхроност и недостаток на реципроцитет во размена на зборови.
- сиромашна флексибилност во јазичното изразување и релативен недостаток на креативноста и фантазијата во мисловните процеси.
- недостаток на емоционален одговор на вербални и невербални обиди на другите луѓе.
- нарушена употреба на варијации во ритам или нагласување за да влијае на комуникативната модулација.
- недостаток на придружни гестови за обезбедување на нагласување или помош во смисол на говорна комуникација.
в. Рестриктивни, повторувачки и стереотипни шеми на однесување, интереси и активности, манифестирани со најмалку две од следните шест:
- вклучување на преокупација со стереотипни и ограничени шеми на интерес.
- специфично поврзување за необични предмети.
- компулсивно поврзување за специфични, нефункционални рутини или ритуали.
- стереотипни и повторувачки манеризми.
- преокупација со делови од предмети или нефункционални елементи од играчкиот материјал.
- несреќа при промена на мали, нефункционални детали на средината.
г. За да се постави дијагноза во првите три години мора да биле присутни развојни абнормалности