Семинари и конгреси
СЕМИНАРИ, КОНГРЕСИ И КОНФЕРЕНЦИИ ВО КОИ МНЗА СЕ ЈАВУВА КАКО ОРГАНИЗАТОР ИЛИ СООРГАНИЗАТОР
- Децата со аутизам и нивниот третман, 24-25.03.2000 година – хотел Александар Палас, Скопје, Македонија (соорганизатор заедно со Завод за рехабилитација на слух, говор и глас).
- Нови тенденции во третманот на лицата со аутизам, 28-30.06.2002 година – Нови Сад, Србија (соорганизатор со специјално училиште „Милан Петровиќ“.
- До каде сме со аутизмот во Македонија, 18.05.2005 година – хотел Континентал, Скопје, Македонија (организатор).
- НВО платформа за сервисни служби во Македонија, 16.03.2007 – Филозофски факултет, Скопје, Македонија (организатор заедно со ЕАСПД).
- Кон живеење во заедницата: актуелни состојби и предизвици, 07-09.10.2010 година – хотел Континентал, Скопје, Македонија (соорганизатор со ЕАСПД, Порака, Отворете ги прозорците).
- Растројства од аутистичниот спектар: дијагностика, рана интервенција и превенција, 13.04.2011 година – Медицински факултет, Скопје, Македонија (соорганизатор со Здружение на психијатри на Македонија).
- Дијагностика и третман на аутизам, 10.10.2012 – Дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, Скопје, Македонија (соорганизатор со компанијата Demax Nova).
- Меѓународен симпозиум: „Современи медицински ставови за трисомија 21 и аутизам“, 23-24.05.2014 – Стара школа, Мирковец, Хрватска (соорганизатор со Трисомија 21 Загреб).
- ЕСИПП конференција: „Помош и поддршка на родителите на деца со аутизам“, 01.11.2017 – Музеј на македонската борба, Скопје, Македонија.