Скала за рано откривање на аутизмот
(CHAT Checklist for autism in toddlers), адпатирано според Baron-Cohen S, Allen J, Gillberg C. (1992)
ДЕЛ А прашања за родителите
- Дали вашето дете сака да се ниша или држи на колено?
- Дали вашето дете покажува интересирање за други деца?
- Дали вашето дете сака да се качува (на пример по скалила)?
- Дали вашето дете сака да игра криенка или некои други игри со скоривање?
- Дали вашето дете некогаш знае да се преобразува (на пример да вари чај користејќи играчка чајник)?
- Дали вашето дете некогаш го користи показалецот за да укаже или да праша нешто?
- Дали вашето дете некогаш го користи показалецот да покаже интерес за нешто?
- Дали вашето дете може на соодветен начин да си игра со мали играчки, а не само да ги става во уста или да ги фрла?
- Дали вашето дете некогаш ви ги носи играчките само за да ви ги покаже?
ДЕЛ Б опсервација на лекарот
- Дали во текот на прегледот детето воспостави контакт со очите со вас?
- Свртете го вниманието на детето врз себе, а потоа со прстот покажете некој интересен предмет и кажете: “Ох, види, тоа е мечето” и набљудувајте го изразот на неговото лице. Дали детето го гледа предметот кој што сте му го покажале?
- Дајте му на детето мала чаша за чај и кажете: “Дали можеш да свариш чај”? Дали детето притоа се преправа како да вари чај?
- Кажете му на детето: “Каде е мечето? Покажи ми го мечето”? Дали детето со показалецот покажува таму каде што е мечето?
- Дали детето може да направи кула од коцки?