Category Archives: Новости и случувања

Годишно собрание 2025

П О К А Н А

Македонското научно здружение за аутизам има чест да Ве покани на годишното Собрание што ќе се одржи во Центарот за социјални претпријатија на улица „Македонија“ б.б. до спомен куќата на „Мајка Тереза“ и позади ФЗОМ во Скопје на 26.12.2025 година (петок), со почеток во 13:30 часот, со следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Усвојување на записникот од годишното собрание за 2024 година;
2. Прием на нови членови;
3. Извештај за работата од 2025 година;
Проф. д-р Владимир Трајковски
4. Финансиски извештај за 2025 година;
М-р Фики Гаспар
5. Програма за работа на Собранието во 2026 година;
М-р Ирена Стојановска
6. Избор на претседател на Собранието и извршен одбор
7. Претставување на проектот: „Поддршка на учениците со АСН преку физичко образование“
Весна Филиповска
8. Разно

Скопје                                            Претседател на МНЗА
12.12.2025                                     Проф. д-р Владимир Трајковски

Годишно собрание 2024

П О К А Н А

Македонското научно здружение за аутизам има чест да Ве покани на годишното Собрание што ќе се одржи во салата за седници на Филозофскиот факултет во Скопје на 27.12.2024 година (петок), со почеток во 13:30 часот, со следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Усвојување на записникот од годишното собрание за 2023 година;
2. Прием на нови членови;
3. Извештај за работата од 2024 година;
Проф. д-р Владимир Трајковски
4. Финансиски извештај за 2024 година;
М-р Фики Гаспар
5. Програма за работа на Собранието во 2025 година;
М-р Ирена Стојановска
6. „Визуелна поддршка и употреба на асистивна технологија кај учениците со АСН“
Весна Филиповска
7. Разно

Скопје                                            Претседател на МНЗА
17.12.2024                                     Проф. д-р Владимир Трајковски

Нов Еразмус плус проект: AUTISM PCP – холистички пристап на планирање фокусирано на луѓе со аутизам

AUTISM PCP е иновативен меѓусекторски партнерски проект со силна европска додадена вредност. Како такoв, “AUTISM PCP” се осврнува на важни хоризонтални, како и секторски приоритети за Европската унија, како што се “социјално вклучување#, политики за учење на возрасни и напуштање на училиште (ESL).
Главните цели на “AUTISM_PCP” се:
– Јакнење на лицата кои се изложени на ризик од социјална исклученост и поконкретно зајакнување на лицата со АСН.
– Зајакнување на севкупните напори за социјално вклучување и интеграција на лицата на АСН во редовното образование и општество во целост.
– Подобрување на надлежностите на професионалците и сите оние поединци, како што се членовите на семејството и роднините итн., кои се вклучени во животот на лицата на АСН.
– Да се подигне свеста кај пошироката јавност во однос на социјалното вклучување на учениците со аутизам.