Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А, 1000 Скопје
тел. +389 2/3116-520 (лок. 234); факс. +389-2-3118-143
E-mail: president@mssa.org.mk



DSM-IV Дијагностички критериуми за аутистичното нарушување

Овие критериуми се измена на претходните DSM-III-R употребени за прв пат во 1994 година од страна на Американската психијатриска асоцијација.

А. Вкупно 6 ( или повеќе) точки од (1), (2) и (3), со најмалку две од (1), и по една од (2) и (3)

1. Квалитативно нарушување во социјалната интеракција манифестирано со најмалку две од следните:
а. забележително нарушување во употреба на мултипни невербални однесувања како што е очи во очи вкочанет поглед, лицева експресија, држење на тело, гестикулации за регулирање на социјална интеракција.
б. недостаток во развој на односи со врсници кои одговараат на развојното ниво.
в. недостаток на спонтана потреба да се сподели задоволството, интересите или успехот со другите луѓе (на прим. недостаток на покажување или обрнување на внимание на објектите од интерес).
г. недостаток на социјална или емоционална реципрочност.

2. Квалитативни нарушувања во комуникацијата манифестирана со најмалку едно од следните:
а. задоцнување или тотален недостаток во говорниот јазик не придружен со обид за компензација низ алтернативни начини на комуникација како што се: гестикулацијата или мимиката.
б. кај индивидуи со сочуван говор значајни нарушувања во способноста за започнување или прифаќање на конверзација со другите.
в. недостаток на различна, спонтана привидна игра или социјална имитативна игра одговарачка на развојното ниво.

3. Ограничени, повторувачки и стереотипни шеми на однесување, интереси и активности манифестирани со најмалку едно од следните:
а. преокупација со една или повеќе стереотипии, ограничени шеми на интерес што е ненормално во интензитетот или фокусот.
б. нефлексибилна приврзаност за специфични нефункционални рутини или ритуали.
в. стереотипни и повторувачки моторни манеризми (на пример: треперење и свиткување на рацете и прстите или сложени движења на целото тело).
г. постојана преокупација со делови од предмети.

Б. Доцнење или абнормално функционирање во најмалку една од следните области со појавност до 3 години

1.    социјална интеракција.
2.    говор што е користен во социјалната комуникација.
3.    симболична или имагинативна игра.
В. Нарушувањето не е подобро споредено со Ретовото нарушување или со дезинтегративните растројства во детството.