Daily Archives: 15.12.2018
Годишно собрание 2018
П О К А Н А
Македонското научно здружение за аутизам има чест да Ве покани на годишното Собрание што ќе се одржи во НВО центарот при Младински културен центар во Скопје на 21.12.2018 година (петок), со почеток во 13:00 часот, со следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Усвојување на записникот од годишното собрание за 2017 година;
2. Прием на нови членови;
3. Избор на нов потпретседател;
4. Избор на нов технички секретар;
5. Извештај за работата од 2018 година;
Проф. д-р Владимир Трајковски
6. Финансиски извештај за 2018 година;
Вон. проф. д-р Владимир Илиевски
7. Програма за работа на Собранието во 2019 година;
М-р Ивана Василевска Петровска
8. Сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања – примена на техниката Социјални приказни
М-р Тања Станкова
9. Разно
Скопје Претседател на МНЗА
15.12.2018 Проф. д-р Владимир Трајковски