Научни проекти
1. Серумски имуноглобулини и специфични алергени од храна кај лица со аутизам во Република Македонија (Министерство за наука на Република Македонија број 08-2214/4 од 15.07.2000 година)
- Научна област: Дефектологија
- Потесно подрачје: имунологија
- Главен истражувач: Проф. д-р Љубомир Ајдински
- Институција: Институт за дефектологија, Филозофски факултет, Скопје
- Други институции: Институт за имунобиологија и хумана геентика, Институти, Медицински факултет, Скопје
- Траење на проектот: од 01/10/2000 до 01/10/2003 година.
- Истражувачи: Проф. д-р Мирко Спироски, доц. д-р Владимир Трајковски, асист. д-р Маја Јурхар-Павлова, асист. д-р Александар Петличковски
2. Информации за аутизмот во Македонија (Македонски центар за меѓународна соработка број 10-723/21 од 19.12.2000 година)
- Земја: Република Македонија
- Број на проектот: 10-723/21 од 19.12.2000 година
- Име на проектот: Информации за аутизмот во Македонија
- Локација, регион: Република Македонија
- Целна група: Хендикепирани деца и други лица со аутизам
- Активност: Директно изведување
- Временски период: 6 месеци
- Вклучени организации: Институт за дефектологија, Институт за имунологија
- Буџет: 140.000 МКД
3. ХЛА-ДНК истражувања кај фамилии со аутизам во Република Македонија (Министерство за наука на Република Македонија број 07-1171/4 од 02.07.2001 година);
- Научна област: дефектологија
- Потесно подрачје: имунологија
- Главен истражувач: Проф. д-р Драгослав Копачев
- Институција: Институт за дефектологија, Филозофски факултет, Скопје
- Други институции: Институт за имунобиологија и хумана генетика, Институти, Медицински факултет, Скопје
- Траење на проектот: од 01/10/2001 до 01/10/2004 година.
- Истражувачи: Проф. д-р Мирко Спироски, проф. д-р Ристо Петров, доц. д-р Владимир Трајковски, асист. д-р Тодор Арсов, асист. д-р Сашо Петличковски,, д-р Рената Јанкова
- Буџет: 450.000 МКД
4. Права на лицата со аутизам во Македонија (Македонски центар за меѓународна соработка број 08-698/1 од 12.12.2001 година)
- Земја: Република Македонија
- Број на проектот: 01-08 GPH 106 од 12.12.2001
- Име на проектот: Права на лицата со аутизам во Република Македонија
- Локација, регион: Република Македонија
- Целна група: Хендикепирани деца и други лица со аутизам
- Активност: Директно изведување
- Временски период: 6 месеци
- Вклучени организации: Институт за дефектологија, Институт за имунологија
- Буџет: 140.000 МКД
5. Епидемиолошка студија на лицата со аутизам во Република Македонија (Министерство за финансии – реализиран во 2001 година)
- Земја: Република Македонија
- Име на проектот: Епидемиолошка студија на лицата со аутизам во Република Македонија
- Локација, регион: Република Македонија
- Целна група: Лица со аутизам
- Активност: Директно изведување
- Временски период: 1 година
- Вклучени организации: Институт за дефектологија, Институт за имунобиологија и хумана генетика
- Буџет: 100.000 МКД
6. Одредување на преваленцијата и инциденцијата на лицата со аутизам во Република Македонија (Министерство за финансии – реализиран во 2002 година)
- Земја: Република Македонија
- Име на проектот: Одредување на преваленцијата и инциденцијата на лицата со аутизам во Република Македонија
- Локација, регион: Република Македонија
- Целна група: Лица со аутизам
- Активност: Директно изведување
- Временски период: 1 година
- Вклучени организации: Институт за дефектологија, Институт за имунобиологија и хумана генетика
- Буџет: 100.000 МКД
7. Толеранција или прифаќање – ЕАСПД проект. Подржан од Генералниот директорат за вработување и социјална работа при ЕК и под буџетската линија “Акции за борба и превенција на социјалната ексклузија”.
Времетраење: 2002-2003
8. Европа место за живеење – ЕАСПД проект. Проект спроведен во европската година за инвалидни лица, започнат од принципот дека сите европски граѓани треба да бидат слушнати и да им се даде право на глас на лицата со потешки интелектуални нарушувања.
Времетраење: 2003
9. “Заеднички глас мрежен проект”. Примарна и најсеопфатна цел на ова десктоп истражување е да ја истражи
правната позадина со цел да се засили антидискриминацијата и еднаквите можности кај лица со интелектуална попреченост и аутизам.
10. “Засилување на научните студии за ран аутизам”. преку COST програмата на ЕУ. Главна цел да се основа интердисциплинарна научна мрежа за да може да се откријат најраните знаци на аутизам и да се комбинираат техники од когнитивната невронаука со тие од клиничката наука и да се формираат европски практични водачи за рана идентификација и рана интервенција.
Времетраење: 2010-2014
11. “Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници”. преку ЕИДХР/2013/355-552 програмата на ЕУ. Цел на овој проект е да се зајакне улогата на граѓанското општество во промовирањето на човековите права и демократските реформи, поддршка во мирно консолидирање на интересите на групите и консолидирање на политичкото учество и застапеност.
Времетраење: 2014-2015
12. “Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство”. 2015-1-UK01-KA204-
Времетраење: 2015-2018
13. “Холистички пристап на планирање за лица со аутизам”. 2018-1-EL01-KA204-047788 – Еразмус плус проект. Главните цели на овој проект се:
– Јакнење на лицата кои се изложени на ризик од социјална исклученост и поконкретно зајакнување на лицата на АСН;
– Зајакнување на севкупните напори за социјална инклузија и интеграција на лицата на АСН во редовното образование и општеството во целост;
– Подобрување на надлежностите на професионалците и сите оние поединци, како што се членовите на семејството и роднините итн., кои се вклучени во животот на лицата на АСН;
– Да се подигне свеста кај пошироката јавност во однос на социјалното вклучување на учениците со аутизам.
Времетраење: 2018-2021
14. “Социјални вештини кај аутизам и програма за позитивно родителство”. SSFA/MCDA/19-004 – УНИЦЕФ проект. Главните цели на овој проект се:
– зајакнување на знаењето, вештините, самодовербата, самодоволноста и снаодливоста на родителите/старателите на деца со АСН;
– промовирање на негување, безбедност, ангажман, ненасилни и ниски конфликтни околини за децата;
– промовирање на социјални, емоционални, јазични, интелектуални и бихејвиорални способности на децата преку позитивни практики за родителство.
Времетраење: 2019-2020
15. “Пријателски простори за аутизам”. – Еразмус плус проект. Главните цели на овој проект се:
-прилагодливи околини да бидат подостапни за лицата со аутизам,
-обезбедување обука и создавање свест во заедницата,
– зачувување на социјалниот аспект за млади со аутизам.
Времетраење: 2019-2022
16. „Програма за социјални вештини и позитивно родителство кај аутизмот“ – УНИЦЕФ проект SSFA/MCDA/19-004/Amendment 1. Главните цели на овој проект се:
– зајакнување на знаењето, вештините, довербата, самодоволноста и снаодливоста на родителите / старателите на деца со АСН;
– промовира негување, безбедна, привлечна, ненасилна и ниска околина за конфликти со децата;
– промовирање на социјални, емоционални, јазични, интелектуални компетенции и однесувањето на децата преку позитивни практики на родителство.
Времетраење: 2019-2020
17. „Зајакнување на капацитетите кај професионалците за проблемите и потребите на децата со аутистичен спектар на нарушувања, во предучилишните и училишните установи“ – проект од Општина Карпош. Главните цели на овој проект се:
– Вработените во предучилишните и училишните установи во Општина Карпош во Скопје да се запознаат со сите аспекти на аутизмот како проблем во општеството, на семејството и на институциите (детекција, дијагностика, едукација, современи методи на пристап при третманот на аутизмот, адаптација на просторот и материјалите за работа, како и социјалната заштита на лицата со АСН).
– Планирање на развој на услуги кои им се потребни на децата со аутизам и нивните семејства со кои би им се подобрило функционирањето во општествената заедница и соработка заради задоволување на индивидуалните потреби на детето со аутизам и семејството.
– Донесување заклучоци за идните насоки на делување, преку комуникација и размена на искуства меѓу родителите и дружење на родителите и децата со одржување на заеднички средби.
Времетраење: 2020-2021