Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А, 1000 Скопје
тел. +389 2/3116-520 (лок. 234); факс. +389-2-3118-143
E-mail: president@mssa.org.mk



За МНЗА

Визија
Македонското научно здружение за аутизам е организација која обезбедува ресурси за помош на лицата со аутистичен спектар на нарушување и нивните семејства, институциите и невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика, обезбедува научно истражувачка, едукативна и професионална поддршка во инклузивно општество во кое лицата со аутистичен спектар на нарушување и нивните семејства живеат квалитетен живот.

Мисија
Македонското научно здружение за аутизам е здружение на граѓани-дефектолози, психијатри, доктори по медицина, имунолози, алерголози и други стручни и научни дисциплини, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности со цел за подобрување на истражувањето и третманот на лицата со аутизам во Република Македонија.

Македонското научно здружение за аутизам е организација која врши научна истражувачка дејност како и активности за подигнување на јавната свест за лицата со аутистичен спектар на нарушување и која работи на подобрување на третманот и квалитет на живеење на овие лица и нивните семејства преку организирање на настапи и настани, едукација и проекти во рамките на РМ.

Цели
Македонското научно здружение за аутизам остварува поширок заеднички интерес и посебни цели и задачи:

    • примарна превенција на лицата со аутизам;
    • истражување механизмите кои се поврзани со аутизмот;
    • истражување ефектите од рехабилитација на лица со аутизам;
    • третирање на лица со аутизам;
    • соработка со родителите на деца со аутизам;
    • координација на владини и невладини организации кои се бават со аутизам.

Регистрација
Македонското научно здружение за аутизам е заведено во Централниот регистар на Република Македонија, врз основа на член 5 став 1, член 19 и член 72 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица, (Сл Весник 84/05) на ден 25.12.2006 ги пренесе податоците од основниот регистар во Регистарот на други правни лица. Број на регистарска влошка: 01/ЗГ.1070/2000. Матичен број: 5439060. Единствен даночен број: 4030000389464   Шифра на дејност 94.12.

Банка
ЗПП – Скопје жиро сметка 300000000434305. Банка депонент Комерцијална банка, Кеј Димитар Влахов 4, 1000 Скопје. Тел.: 02-3112-077