VIII интердисциплинарен конгрес во Москва

VIII интердисциплинарен конгрес во Москва

Претседатеот на МНЗА проф. д-р Владимир Трајковски е поканет предавач на VIII-от интердисциплинарен стручно-научен конгрес со меѓународнон учество „Детска церебрална парализа и други нарушувања во движењето кај децата“ што ќе се одржи од 1 до 2 ноември 2018 година во Москва, Русија. Повеќе »

ЕСИПП Конференција

Конференција во рамките на ЕСИПП проектот одржана во март 2018 година во Лимасол, Кипар

Фокус на аутизмот

Учество на членови на МНЗА на меѓународната конференција „Фокус на аутизмот# одржана од 26-29 септември 2018 година на Педагошкиот универзитет во Краков, Полска

ReAttach конференција

Претседателот на МНЗА присуствуваше на првата ReAttach конференцијата што се одржа од 14 до 15 април 2018 година во Ајндховен, Холандија

Водич за музејска програма за деца/лица со аутизам

Промоција на Водичот за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства одржана на 2 октомври во Музејот на македонската борба во Скопје, Македонија

9-ти последен состанок на колегите вклучени во ЕСИПП проектот на Едукациско рехабилитацискиот факултет во Загреб, Хрватска во јули 2018 година

ЕСИПП конференција: „Помош и поддршка на родителите со аутизам“

ЕСИПП конференцијата: „Помош и поддршка на родителите со аутизам“ одржана на 1 ноември во Музејот на македонската борба во Скопје, Македонија

Годишно собрание 2017

Македонското научно здружение за аутизам има чест да Ве покани на годишното Собрание што ќе се одржи во НВО центарот при Младински културен центар во Скопје на 22.12.2017 година (петок), со почеток во 13:30 часот Повеќе...

Културолошка инклузија на децата со аутистичен спектар на нарушувања

Проект со Националната галерија на Македонија

 

Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А, 1000 Скопје
тел. +389 2/3116-520 (лок. 234); факс. +389-2-3118-143
E-mail: president@mssa.org.mk



Годишно собрание 2019

П О К А Н А

Македонското научно здружение за аутизам има чест да Ве покани на годишното Собрание што ќе се одржи во НВО центарот при Младински културен центар во Скопје на 27.12.2019 година (петок), со почеток во 13:00 часот, со следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Усвојување на записникот од годишното собрание за 2018 година;
2. Прием на нови членови;
3. Извештај за работата од 2019 година;
Проф. д-р Владимир Трајковски
4. Финансиски извештај за 2019 година;
Весна Филиповска
5. Програма за работа на Собранието во 2020 година;
М-р Ивана Василевска Петровска
6. Намалување на бројот на членови на ИО
7. Разно

Скопје                                                               Претседател на МНЗА
16.12.2019                                                 Проф. д-р Владимир Трајковски

Годишно собрание 2018

П О К А Н А

Македонското научно здружение за аутизам има чест да Ве покани на годишното Собрание што ќе се одржи во НВО центарот при Младински културен центар во Скопје на 21.12.2018 година (петок), со почеток во 13:00 часот, со следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Усвојување на записникот од годишното собрание за 2017 година;
2. Прием на нови членови;
3. Избор на нов потпретседател;
4. Избор на нов технички секретар;
5. Извештај за работата од 2018 година;
     Проф. д-р Владимир Трајковски
6. Финансиски извештај за 2018 година;
     Вон. проф. д-р Владимир Илиевски
7. Програма за работа на Собранието во 2019 година;
    М-р Ивана Василевска Петровска
8. Сексуална едукација на лица со аутистичен спектар на нарушувања – примена на техниката Социјални приказни
    М-р Тања Станкова
9. Разно

Скопје                                                                        Претседател на МНЗА
15.12.2018                                                         Проф. д-р Владимир Трајковски

Нов Еразмус плус проект: AUTISM PCP – холистички пристап на планирање фокусирано на луѓе со аутизам

AUTISM PCP е иновативен меѓусекторски партнерски проект со силна европска додадена вредност. Како такoв, “AUTISM PCP” се осврнува на важни хоризонтални, како и секторски приоритети за Европската унија, како што се “социјално вклучување#, политики за учење на возрасни и напуштање на училиште (ESL).
Главните цели на “AUTISM_PCP” се:
– Јакнење на лицата кои се изложени на ризик од социјална исклученост и поконкретно зајакнување на лицата со АСН.
– Зајакнување на севкупните напори за социјално вклучување и интеграција на лицата на АСН во редовното образование и општество во целост.
– Подобрување на надлежностите на професионалците и сите оние поединци, како што се членовите на семејството и роднините итн., кои се вклучени во животот на лицата на АСН.
– Да се подигне свеста кај пошироката јавност во однос на социјалното вклучување на учениците со аутизам.