МНЗА
Почеток
Основачи
Извршен одбор
Членови и членство
Статут
Документи
Состаноци
Контакт
Коментари
Галерија
Аутизам МК
Што е аутизам?
Права на лицата со аутизам
Дијагностички алатки
Организации
Научни проекти
Објавени трудови
Линкови
Пребарување
Најава





Си ја заборавивте лозинката?
Сè уште немате налог? Направете
Посетители
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес27
mod_vvisit_counterВчера29
mod_vvisit_counterОваа недела96
mod_vvisit_counterОвој месец248
mod_vvisit_counterВкупно30284

image001.gif
Почеток arrow Статут
Статут Испечати Е-пошта


С Т А Т У Т
на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА)


Скопје, 29 ноември 2005 година





Врз основа на член 5, 20 и 76 од Законот за здруженија на граѓани и фондации (Службен весник на РМ, бр. 31 од 02. 07. 1998 година, Собранието на Македонското научно здружение за аутизам, на седницата одржана на 29.01.2005 година, донесе

С Т А Т У Т
на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА)


ОПШТИ ОДРЕДБИ

член 1

Македонското научно здружение за аутизам е здружение на граѓани-дефектолози, психијатри, доктори по медицина, имунолози, алерголози и други стручни и научни дисциплини, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности со цел за подобрување на истражувањето и третманот на лицата со аутизам во Република Македонија.

член 2

Граѓаните се здружуваат во Македонското научно здружение за аутизам, заради остварување на поширок општествен интерес преку што се задоволуваат потребите од истражувањето и третманот на лицата со аутизам.

член 3

Член во Македонското научно здружение за аутизам, може да биде секој полнолетен граѓанин - државјанин на Република Македонија, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава.

Зачленувањето во Здружението се врши со пристапница, односно со издавање на членска книшка, која при исклучување или престанок на членувањето во Здружението, задолжително се враќа.

Македонското научно здружение за аутизам од Скопје за своите членови води регистер на членството, кој се ажурира еднаш годишно.

член 4

Членот има право да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението и да придонесува во развојот и популарноста на Здружението.

член 5

Обврски на членовите во Здружението се:

-редовно да ја плаќаат чланарината;

-да присуствуваат на состаноците;

-да земаат конкретно учество во спроведување на Програмата на активностите на Здружението.

член 6

Македонското научно здружение за аутизам, како здружение на граѓани - дефектолози, психијатри, доктори по медицина, имунолози, алерголози и други своите цели, задачи и дејности ќе ги остварува во согласност со односите уредени со Уставот на Република Македонија, овој Статут, како и со други законски норми кои регулираат материја од оваа област.

член 7

Македонското научно здружение за аутизам го претставува и застапува претседателот.

член 8

Називот на здружението на граѓани е Македонското научно здружение за аутизам (кратенка на Здружението е МНЗА). Насловот на Здружението на англиски јазик е Macedonian Scientific Society for Autism (MSSA).

член 9

Седиштето на Македонското научно здружение за аутизам е на Институт за дефектологија, Филозофски факултет, бул. Крсте Мисирков б.б., 1000 Скопје, Република Македонија.

Македонското научно здружение за аутизам се организира и делува на подрачјето на Република Македонија.

член 10

Македонското научно здружение за аутизам е правно лице.

Македонското научно здружение за аутизам има свој печат и штембил.

Печатот е тркалезен и го содржи името на здружението: Македонско научно здружение за аутизам,  а во средината се наоѓа амблемот на Здружението.

Штембилот на Македонското научно здружение за аутизам е правоаголен со следниот текст: “Македонско научно здружение за аутизам”, број, дата и место.

член 11

Работата на Македонското научно здружение за аутизам е јавна.

Јавноста во работењето се обезбедува со редовно известување на здруженијата на граѓаните- дефектолози, психијатри, доктори по медицина, имунолози, алерголози и други за сите облици на работење, со увид во спроведувањето на програмските задачи, со поднесување извештај за работа на органите и телата на Здружението, за материјално-финансиското работење и друго.

За информирањето на членовите и пошироката јавност се користи печатот, радиото, телевизијата како и ВЕБ страниците на Интернет.

 

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И

НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОСТВАРУВАЊЕ

член 12

Граѓаните  се здружени во Македонското научно здружение за аутизам заради остварување на поширок заеднички интерес и како посебни цели и задачи се:

- примарна превенција на лицата со аутизам;

- истражување механизмите кои се поврзани со аутизмот;

- истражување ефектите од рехабилитација на лица со аутизам;

- третирање на лица со аутизам;

- соработка со родителите на деца со аутизам;

- координација на владини и невладини организации кои се бават со аутизам.

Македонското научно здружение за аутизам може да членува во национални, регинални и меѓународни здруженија за аутизам.

 

ФИНАНСИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ

        член 13

Здружението остварува средства од:

-чланарина;

-донации;

-буџет;

-провизии од органи, организации, заедници и од други услуги;

-од трговски друштва;

-и од други услуги.

член 14

Користењето и располагањето со средствата Македонското научно здружение за аутизам добиени по основите од претходниот член се врши на начин утврден со овој Статут и останатите законски норми.

член 15

За користењето и располагањето со средствата одлучуваат органите на Македонското научно здружение за аутизам, согласно надлежностите утврдени со овој Статут, кои преземаат мерки за економско целесообразно користење на средствата и за спречување и отстранување на незаконитостите.

член 16

Македонското научно здружение за аутизам донесува годишен финансиски план за приходите  и расходите  на Здружението.

Финансискиот план ги содржи приходите кои се стекнуваат по член 13 од Статутот, како и расходите за општествената активност,  плати на вработените, заедничка потрошувачка на вработените, материјални трошоци за работа на Здружението, и други расходи сврзани со работата.

 

УПРАВУВАЊЕ СО МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ

член 17

Со Македонското научно здружение за аутизам управува организирано членство на Здружението непосредно или преку свои претставници во органите.

Права и должности на претставникот се:

-претставникот да избира и да биде биран во органите на Здружението;

-претставникот да предлага решавање на прашања од заеднички интерес;

-да работи на развивање и унапредување на општествените и другите активности кои произлегуваат од Статутот, програмските цели и задачи и од усвоените одлуки и заклучоци;

-да ги спроведува во целост одредбите од Статутот и програмските активности;

-да ги застапува интересите и ставовите на Здружението;

-да бара стручна и друга помош од областа на аутизмот.

 

ОРГАНИ НА МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ

член 18

Органи на Македонското научно здружение за аутизам се:

    1. Собрание;

    2. Извршен одбор.

член 19

Собранието го сочинуваат сите членови на Македонското научно здружение за аутизам.

Мандатот на претставниците трае 4 години.

Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно.

член 20

Седници на Собрание свикува претседателот на Собранието.

Седница на Собранието се свикува и по предлог на Извршниот одбор на Здружението  или на 1/5 од вкупниот број членови на Собранието.

Ако претседателот на Собранието во рок од 14 дена од денот на дадениот предлог не свика седница, седницата ја свикува Извршниот одбор или иницијаторите.

Седница на Собранието за работа на Извршниот одбор може да се свика и по предлог на надзорната комисија.

Начинот на свикување на седниците на Собранието на Здружението се определува со Деловникот за работа на Собранието.

член 21

Собранието на Македонското научно здружение за аутизам од редовите на своите претставници избира Извршен одбор кој е извршен орган на Собранието, на редовни и вонредни собранија.

член 22

Собранието го сочинуваат сите членови на Македонското научно здружение за аутизам.

Собранието полноважно одлучува ако се присутни повеќе од една половина од вкупниот број претставници.

Собранието по правило одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните претставници.

Во надлежност на Собранието е следното:

-го донесува Статутот и врши измени и допплнувања на истиот;

-избира и разрешува членови на Извршниот одбор;

-усвојува програмска ориентација за работа на Здружението за период од 4 години операционизирано во годишните програми;

-го разгледува и усвојува извештајот за работа на Извршниот одбор помеѓу две собранија;

-ја следи материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;

-донесува финансиски план и усвојува завршна сметка на Собранието;

-расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за натамошен развој на Здружението;

-донесува одлуки, заклучоци, препораки за решавање на прашања од интерес на Здружението;

-врши и други работи кои произлегуваат од Статутот и законите.

член 23

Извршниот одбор на Македонското научно здружение за аутизам е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развојот на Здружението во согласност со Статутот

член 24

Извршниот одбор на Собранието на Македонското научно здружение за аутизам брои 7 члена.

Мандатот на членовите на Извршниот одбор трае 4 години.

Извршниот одбор од своите редови избира претседател со мандат од 4 години.

Претседателот на Извршниот одбор истовремено е и претседател на Собранието на Македонското научно здружение за аутизам и тој го претставува и застапува Здружението.

член 25

Во надлежност на Извршниот одбор е следното:

-ги спроведува статутарните и програмските задачи на Македонското научно здружение за аутизам, како и одлуките и заклучоците на Собранието;

-донесува и реализира годишна програма за работа;

-предлага измени и дополнување на Статутот;

-донесува соодветни правилници, прифаќа спогодби и склучува договори;

-свикува седници на Собранието и припрема материјали;        

-именува и разрешува секретар на Македонското научно здружение за аутизам;

-донесува одлуки за формирање на постојни и повремени комисии, и ја насочува нивната работа;

-организира и активно учествува во организирањето на разни акции и манифестации;

-донесува одлуки за награди, пофалници и признанија;

-донесува одлуки за набавка и оттуѓување на основните средства;

-дава согласност на Правилникот за организацијата на работите и работните задачи на стручната служба на Македонското научно здружение за аутизам;

-донесува одлуки по приговори и жалби;

-врши и други работи кои произлегуваат од потребите на Статутот на Здружението.

член 26

Извршниот одбор за својата работа е одговорен пред Собранието на Македонското научно здружение за аутизам.

Извршниот одбор се состанува и одржува седници по потреба.

Седницата на Извршниот одбор ја свикува Претседателот.

Предлог за свикување на Извршниот одбор може да поднесе една половина од Извршниот одбор, една третина од претставниците во Собранието, по предлог на надзорниот одбор и секретарот на Здружението.

Со седницата раководи и претседава Претседателот, а во негово отсуство член кој ќе го избере Извршниот одбор.        

Начинот на свикување на седницата и работењето на Извршниот одбор се уредува со Деловник за работа.

член 27

Заради извршување на статутарните и програмски задачи и одлуки на Собранието и Извршниот одбор, Извршниот одбор формира надзорна комисија и други работни тела.

Надзорната комисија врши контрола над спроведувањето на одредбите на овој Статут и контрола за наменско располагање со средствата и приходите на Македонското научно здружение за аутизам.

Своите наоди и одлуки Надзорната комисија ги доставува до Собранието и Извршниот одбор на Македонското научно здружение за аутизам.

СТРУЧНА СЛУЖБА НА МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ

член 28

За извршување на административно-стручни, помошни и на нив слични работи од заеднички интерес за остварување на задачите и целите на Македонското научно здружение за аутизам, се формира Стручна служба.   

член 29

Правата и обврските и одговорностите за работа на вработените во Стручната служба ги утврдува секретарот на Македонското научно здружение за аутизам во согласност со законските норми и Статутот.

член 30

Средствата за работа на стручната служба се определуваат со Финансиски план секоја година и тоа: средства за плати, средства за заедничка потрошувачка, средства за материјални трошоци, средства за посебна намена за нормално извршување на функцијата.        

член 31

Со Стручната служба на Македонското научно здружение за аутизам раководи секретар.    

Секретарот го именува и разрешува Извршниот одбор согласно условите кои се утврдени со посебна одлука.

Секретарот на стручната служба во исто време е и секретар на Македонското научно здружение за аутизам.

Секретарот правото од работен однос го остварува во Македонското научно здружение за аутизам, во Стручната служба, а за извршувањето на својата работа одговорен е пред Извршниот одбор.

член 32

Права, обврски и надлежности на секретарот:

-секретарот на стручната служба раководи со работата на стручната служба,

-секретарот е работоводен орган и ги извршува сите права и обврски кои произлегуваат од Законот за работни односи;

-секретарот е наредбодател и потписник на сметката на Здружението;

-секретарот е одговорен за извршувањето на Финансискиот план и Програмата за работа;

-се грижи за благовремено извршување на одлуките и заклучоците донесени од Собранието и Извршниот одбор;

-во правниот промет презема мерки и дејствија во име и за сметка на Македонското научно здружение за аутизам;

- се грижи за правилната примена на Законските прописи од областа на дејностите што ги врши Здружението;

-склучува договори, спогодби во име и за Македонското научно здружение за аутизам.

   

ПРЕСТАНОК НА МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ

член 33

Македонското научно здружение за аутизам ќе престане со работа ако за тоа одлучат членовите на Македонското научно здружение за аутизам, ако бројот на членовите се намали под бројот определен за основање, ако настапат причини утврдени во член 52 од Законот.

Одлука за престанок на Здружението донесува Собранието со двотретинско мнозинство на Македонското научно здружение за аутизам.    

член 34

По престанокот на работата на Здружението, имотот и другите права и приходи што остануваат по намирувањето на обврските, преминуваат во сопственост на Црвениот крст на Република Македонија.

 

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

член 35

Право на толкување на одредбите на овој Статут има Собранието на Македонското научно здружение за аутизам, а помеѓу две собранија, Извршниот одбор на Здружението.

член 36

Измени и дополнувања на овој Статут се вршат по иста постапка како и за негово донесување.

член 37

Овој Статут влегува во сила со денот на донесувањето.




Претседател на
Македонското научно здружение за аутизам

Доц. д-р Владимир Трајковски

 
Почеток Основачи Извршен одбор Членови и членство Статут Документи Состаноци Контакт Коментари Галерија