Monthly Archives: October 2018

VIII интердисциплинарен конгрес во Москва

Претседателот на МНЗА проф. д-р Владимир Трајковски е поканет предавач на VIII-от интердисциплинарен стручно-научен конгрес со меѓународнон учество „Детска церебрална парализа и други нарушувања во движењето кај децата“ што ќе се одржи од 1 до 2 ноември 2018 година во Москва, Русија. Тој во рамките на 30 минутното предавање ќе говори на тема: „Асоцијација меѓу церебралната парализа и аутистичниот спектар на нарушувања“. Покрај предавањето се планира да се остварат значајни контакти со колеги од медицински институции од Русија и ширум Европа.

Соработка меѓу МНЗА и Институт за микробиологија и паразитологија

Почитувани родители на деца со аутистичен спектар на нарушување,

Сакаме да ве известиме дека е воспоставена соработка помеѓу Македонското научно здружение за аутизам и Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Имено на мое барање до колешката научен соработник д-р Гордана Мирчевска да се изработат бесплатни анализи на фецес на најмалку 35 деца и младинци кои имаат аутистичен спектар на нарушување, директорката проф. д-р Каќа Поповска, позитивно одговори. На сите кои се занимваат со оваа проблематика ви е познато дека во ГИТ на децата со АСН често се наоѓа патогената Candida albicans и некои хелминти.  Позитивниот наод ќе значи давање на соодветна антикандидијазна и антихелмитична терапија, а со тоа подобрување на симптоматологијата на вашите деца. Познавајќи ја добро материјално финасиската состојба на семејствата кои имаат дете со АСН решив да ги замолам колегите од Институтот да ви излезат пресрет. Испитувањата веќе траат два месеци и остануваат уште малку реагенси. Вие ќе можете да однесете фецес на анализа на овој институт кој се наоѓа во старата зграда на Институти, или спроти Министерството за здравство.

Каква е постапката?

Вие како родители треба да набавите стерилно шише за фесец (да го купите) или да одите лично на Институтот и да ја побарате колешката д-р Гордана Мирчевска и таа да ви даде едно шишенце. Потоа, во наредните денови кога детето ќе дефецира наутро, да земете со лажичката малку од фецесот да го ставите во шишенцето и веднаш да и го доставите лично на неа. Напоменувам дека не е потребен упат од матичен доктор, ниту била какво плаќање за услугата. Бројот на анализи е ограничен на 35 и затоа ќе мора да побрзате. На институот ќе можете да отидете секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот.

За да нема грешни дијагнози и евентуално злоупотреба од други родители, сепак родителите ќе мораат прво мене да ми се јават, па јас потоа да одобрам дека навистина имаат АСН нивните деца, па дури потоа со моја препорака да одат на Институтот.

Би сакал во оваа пригода да упатам огромна благодарност до колешките: д-р Гордана Мирчевска за подготвеноста секојдневно да биде на располагање на нашите родители и на директорката проф. д-р Каќа Поповска за непреченото овозможување на оваа соработка.

МНЗА не престанува да се грижи за здравјето на лицата со аутистичен спектар на нарушувања.

Претседател на МНЗА

ПРОМОЦИЈА НА ВОДИЧ ЗА МУЗЕЈСКА ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА/ЛИЦА СО АУТИЗАМ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА СЕМИНАР ЗА МУЗЕЈСКИ РАБОТНИЦИ РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА/ЛИЦА СО АУТИЗАМ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА

Во присуство на голем број колеги и соработници на 2 октомври 2018 г. беше промовиран Водичот за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства.

На свечената промоција се обратија заменикот министер за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, директорката на НУ Музеј на македонската борба, Даниела Николова, Нора Шакири-Марковиќ од министерството за култура на Република Македонија и партнерите на проектот – проф. д-р Владимир Трајковски од Македонското научно здружение за аутизам и Марија Делетиќ од ПОУ Д-р Златан Сремец од Скопје. Активностите продолжија со презентации на авторите на водичот, м-р Данијела Трајкова-Крстиќ, д-р Јасмина Трошанска и Ана Шикалеска. Ова беше всушност дел од Семинарот за музејски работници на кој земаа учество околу триесетина професионалци кои работат на едукацијата од повеќе институции во државата.

Проектот „Отворени музеи“ унапредување на инклузивноста, едукацијата, социјалната правда и пристапноста на музеите е програмска активност на НУ Музеј на македонската борба со кој ја одбележуваме 2018 Европската година на културно наследство. Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ.