МНЗА
Почеток
За МНЗА
Основачи
Извршен одбор
Членови и членство
Статут
Документи
Состаноци
Семинари и конгреси
МНЗА во медиумите
Контакт
Коментари
Галерија
Видео секција
Архива
Аутизам МК
Што е аутизам?
Права на лицата со аутизам
Дијагностички алатки
Организации
Научни проекти
Објавени трудови
Линкови
Пребарување
Најава





Си ја заборавивте лозинката?
Посетители

Пријатели

 

Tinex
ESIPP

 logo-za-mssa.png
 
Едукативна игра - Учиме Емоции
   
на официјалната web страница на МНЗА
Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А, 1000 Скопје
тел. +389-2-3116-520 (Лок. 234); факс. +389-2-3116-520 (Лок. 234)
E-mail: president@mssa.org.mk

EASPD EASPD Autism Europe GAC
Друштво за помош на деца со аутизам Испечати Е-пошта

 

drustvo.gifЗа прв пат во Република Македонија, во 1995 година, во рамките на Семинарот за децата со аутизам во Струга, формирано е Друштво за помош на деца со аутизам. Мегутоа, до 1998 година ова друштво не покажа доволна активност, со новиот закон требаше да се пререгистрира во судскиот регистер и да се внесе во евиденција.


Сегашното Друштво за помош на деца со аутизам на Република Македонија е обновено на 12.01.1999 година по иницијатива на дел од дотогашните членови и други родители и стручни лица - ентузијасти кои повеќе години се занимаваат со деца со ментален хендикеп.
 
Уште на самиот почеток се поставија основните цели и задачи на Друштвото кои можат да се подредат во четири области.
Прво, превземање на активности за навремена интеграција на децата со аутизам во соодветен едукативен третман како и давање поддршка на семејствата кои на ваков начин се изложени на хроничен стрес.


Второ, правилен избор на медикаментозен третман: со лекови, диети и др., кои благовремено, поволно ќе делуваат врз клиничката слика на аутизмот и ќе придонесат за побрзо и поадекватно социјализирање на овие деца.


Трета област во која треба Друштвото максимално да се изрази е широка популаризација на проблемот “Аутизам” преку разни предавања, ТВ емисии, трибини и различен пропаганден материјал, се со цел за навремено откривање на овие деца.


Во четвртата област е вклучена научно-истражувачката дејност, кај нас и во светот, следење на најновите светски достигнувања од областа на аутизмот и активно учество на овој план.
 
Приоритетна задача на Друштвото е отворање на дневен центар во Скопје и изготвување на регистер во кој ќе бидат евидентирани сите деца со аутизам во Република Македонија.
 
Седиштето на Друштвото е на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет во Скопје, булевар Крсте Мисирков бб

Лице за контакт е претседателот на Друштвото, телефон 2775 411

 

Претседател на Друштвото,
Тања Панковска
 
Почеток Контакт Линкови