МНЗА
Почеток
За МНЗА
Основачи
Извршен одбор
Членови и членство
Статут
Документи
Состаноци
Семинари и конгреси
МНЗА во медиумите
Контакт
Коментари
Галерија
Видео секција
Архива
Аутизам МК
Што е аутизам?
Права на лицата со аутизам
Дијагностички алатки
Организации
Научни проекти
Објавени трудови
Линкови
Пребарување
Најава





Си ја заборавивте лозинката?
Посетители

Пријатели

 

Tinex
ESIPP

 logo-za-mssa.png
 
Едукативна игра - Учиме Емоции
   
на официјалната web страница на МНЗА
Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А, 1000 Скопје
тел. +389-2-3116-520 (Лок. 234); факс. +389-2-3116-520 (Лок. 234)
E-mail: president@mssa.org.mk

EASPD EASPD Autism Europe GAC
Визија

Македонското научно здружение за аутизам е организација  која обезбедува ресурси за помош на лицата со аутистичен спектар на нарушување и нивните семејства, институциите и невладините организации кои се занимаваат со оваа проблематика, обезбедува научно истражувачка, едукативна и професионална поддршка во инклузивно општество во кое лицата со аутистичен спектар на нарушување и нивните семејства живеат квалитетен живот.

 
Мисија

Македонското научно здружение за аутизам е здружение на граѓани-дефектолози, психијатри, доктори по медицина, имунолози, алерголози и други стручни и научни дисциплини, формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување и усогласување на своите интереси и заради вршење на дејности и активности со цел за подобрување на истражувањето и третманот на лицата со аутизам во Република Македонија.

Македонското научно здружение за аутизам е организација која  врши научна истражувачка дејност како и активности за подигнување на јавната свест за лицата со аутистичен спектар на нарушување и која работи на подобрување на третманот и квалитет на живеење на овие лица и нивните семејства преку организирање на настапи и настани, едукација и проекти во рамките на РМ. 

 
Цели

Македонското научно здружение за аутизам остварува поширок заеднички интерес и посебни цели и задачи:

  • примарна превенција на лицата со аутизам;
  • истражување механизмите кои се поврзани со аутизмот;
  • истражување ефектите од рехабилитација на лица со аутизам;
  • третирање на лица со аутизам;
  • соработка со родителите на деца со аутизам;
  • координација на владини и невладини организации кои се бават со аутизам.
 
Регистрација

Македонското научно здружение за аутизам е заведено во Централниот регистар на Република Македонија, врз основа на член 5 став 1, член 19 и член 72 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица, (Сл Весник 84/05) на ден 25.12.2006 ги пренесе податоците од основниот регистар во Регистарот на други правни лица. Број на регистарска влошка: 01/ЗГ.1070/2000. Матичен број: 5439060. Единствен даночен број: 4030000389464.

 
Банка

ЗПП - Скопје жиро сметка 300000000434305. Банка депонент Комерцијална банка, Кеј Димитар Влахов 4, 1000 Скопје. Тел.: 02-3112-077

 
Почеток Контакт Линкови