Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А, 1000 Скопје
тел. +389 2/3116-520 (лок. 234); факс. +389-2-3118-143
E-mail: president@mssa.org.mk



ПРОМОЦИЈА НА ВОДИЧ ЗА МУЗЕЈСКА ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА/ЛИЦА СО АУТИЗАМ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА СЕМИНАР ЗА МУЗЕЈСКИ РАБОТНИЦИ РАБОТИЛНИЦА ЗА ДЕЦА/ЛИЦА СО АУТИЗАМ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА

Во присуство на голем број колеги и соработници на 2 октомври 2018 г. беше промовиран Водичот за музејска програма за деца/лица со аутизам и нивните семејства.

На свечената промоција се обратија заменикот министер за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, директорката на НУ Музеј на македонската борба, Даниела Николова, Нора Шакири-Марковиќ од министерството за култура на Република Македонија и партнерите на проектот – проф. д-р Владимир Трајковски од Македонското научно здружение за аутизам и Марија Делетиќ од ПОУ Д-р Златан Сремец од Скопје. Активностите продолжија со презентации на авторите на водичот, м-р Данијела Трајкова-Крстиќ, д-р Јасмина Трошанска и Ана Шикалеска. Ова беше всушност дел од Семинарот за музејски работници на кој земаа учество околу триесетина професионалци кои работат на едукацијата од повеќе институции во државата.

Проектот „Отворени музеи“ унапредување на инклузивноста, едукацијата, социјалната правда и пристапноста на музеите е програмска активност на НУ Музеј на македонската борба со кој ја одбележуваме 2018 Европската година на културно наследство. Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ.