МНЗА
Почеток
За МНЗА
Основачи
Извршен одбор
Членови и членство
Статут
Документи
Состаноци
Семинари и конгреси
МНЗА во медиумите
Контакт
Коментари
Галерија
Видео секција
Архива
Аутизам МК
Што е аутизам?
Права на лицата со аутизам
Дијагностички алатки
Организации
Научни проекти
Објавени трудови
Линкови
Пребарување
Најава





Си ја заборавивте лозинката?
Посетители

Пријатели

 

Tinex
ESIPP

 logo-za-mssa.png
 
Едукативна игра - Учиме Емоции
   
на официјалната web страница на МНЗА
Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А, 1000 Скопје
тел. +389-2-3116-520 (Лок. 234); факс. +389-2-3116-520 (Лок. 234)
E-mail: president@mssa.org.mk

EASPD EASPD Autism Europe GAC
Проект: "Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници" PDF Испечати Е-пошта

СООПШТЕНИЕ

Прв Семинар – Социјална Инклузија

 

                Фондацијата “Аполонија”, во партнерство со невладината организација  МНЗА- Македонско научно здружение за аутизам“, го имплементира проектот "Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници", финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права во износ од речиси €77.000 или 4.700.000 денари. 

                Во рамките на проектот се планира одржување на 10 семинари со предавања на експерти од областа која ја третира проектот. Првиот од 10-те планирани семинари ќе биде реализиран од МНЗА на тема "Инклузија на деца со посебни образовни потреби", и ќе се одржи во Гевгелија на 17 и 18 Март од 09 до 17 часот.

                Овој семинар е наменет за дефектолози, наставници, стручни лица кои работат со деца со посебни потреби,  нивните родители и невладини организации активни во оваа област.

                Предавачи се: Проф. д-р Владимир Трајковски; Проф. д-р Наташа Чичевска-Јованова; Проф.д-р Даниела Димитрова-Радојчиќ; М-р Јасмина Трошанска; Доц. д-р Владимир Илиевски; Розалија Давкова дип. дефектолог и Мими Батанџиева Зајковска, дипл. дефектолог. 

                Главната цел на овој проект е да се зголеми социјалната интеграција и развој на децата со посебни потреби во 4 општини во Југоисточниот регион: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

                Други цели се:

·         Да се зголеми капацитетот за работа со деца со посебни потреби на 320 учесници:

Ø         наставници од 9 основни училишта;

Ø         наставници и стручни лица од 7 детски градинки;

Ø         родители на деца со посебни потреби;

Ø         стручни соработници и експерти кои работат во оваа област;

Ø         млади луѓе од 4-те општини;

Ø         невладини организации

·         Овозможување сите информации од 10-те семинари и содржините кои се дел од овој проект да бидат достапни на интернет страна за поддршка и користење во иднина;

·         Зголемување на свесноста, видливоста и прифаќањето на децата со посебни потреби како дел од училишните системи и програми на заедниците;

·         Промовирање на рано препознавање на сензорни проблеми во градинките;

·         Овозможување сензорна терапија на деца со посебни потреби;

·         Овозможување услови за рехабилитација на младинци со пречки во развојот.  

За повеќе информации слободно контиктирајте ја Снежана Сарамандова на e-mail: fondacija@apollonia.com.mk или на телефонскиот број 071-299-728.
 
< Претходно   Следно >
Почеток Контакт Линкови