МНЗА
Почеток
За МНЗА
Основачи
Извршен одбор
Членови и членство
Статут
Документи
Состаноци
Семинари и конгреси
МНЗА во медиумите
Контакт
Коментари
Галерија
Видео секција
Архива
Аутизам МК
Што е аутизам?
Права на лицата со аутизам
Дијагностички алатки
Организации
Научни проекти
Објавени трудови
Линкови
Пребарување
Најава





Си ја заборавивте лозинката?
Посетители

Пријатели

 

Tinex
Tinex
Apolonia Foundation
Ordinacija.Hr
Hosting, registracija na domeni, web razvoj
comfy-angel.com.mk 
 logo-za-mssa.png
   
на официјалната web страница на МНЗА
Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А, 1000 Скопје
тел. +389-2-3116-520 (Лок. 234); факс. +389-2-3116-520 (Лок. 234)
E-mail: president@mssa.org.mk

EASPD EASPD Autism Europe GAC
Одбележување на светскиот ден на аутизам PDF Испечати Е-пошта

 

Одбележување на светскиот ден на аутизмот

 

Аутистичниот спектар е комплексен и се појавува со многу различни видови и манифестации, во зависност од тоа кои сензорни системи и области од мозокот се засегнати. Во склад со комплексноста на појавата, помагањето на децата, тинејџерите и возрасните со аутизам не е ни малку лесно, па затоа и симболот на аутизам е сложувалка составена од многу различни бои, при што сложувалката не ја посочува само индивидуалноста на аутизмот, туку и можноста за создавање на погрижлив свет преку заедничката работа.

Врз основа на фактот што денес аутизмот е сериозно едукативно и здравствено прашање, а свесноста за неговата манифестација во рамките на општата популација е недоволно развиена, на 18 декември 2007 година, Генералното Собрание на ОН под иницијатива на државата Катар, 2 Април, го промовираше како меѓународен ден за одбележување на аутизмот.

Основната цел на одбележувањето на светски ден на аутизам е да се придонесе кон подобрување на квалитетот на живеење, преку поисполнет и продуктивен живот на децата, тинејџерите и возрасните со аутизам, охрабрување и давање на надеж за родителите на лица со аутизам, овозможувајќи им повеќе средства и можности за работа и третман, надминување на негативните ставови и предрасуди на околината во однос на аутизмот, промоција и почитување на човековите права за сите, поддршка и поттик на понатамошни истражувања со цел унапредување на состојбата на аутизмот, создавање на поинклузивно општество, откривање на нови можности за терапија, рана дијагноза и интервенција и пред се едуцирање на општата популација вклучувајќи ги стручните профили кои секојдневно се во контакт со лицата со аутизам, медицински персонал, наставници, воспитувачи и сл.  

Македонското научно здружение за аутизам оваа година за прв пат ќе го одбележи Светскиот ден за аутизам и во Република Македонија и тоа на втори април, во центарот на град Скопје на подрачјето на улица Македонија, кај споменикот на Мајка Тереза, во периодот од 11:00 до 15:00 часот, со тоа што ќе се одржи манифестација на која ќе бидат поделени над 1000 балони со знакот за превенција на аутизам и памфлети со основни информации за состојбата на аутизам и аутистичните спектрални нарушувања. Истовремено минувачите и посетителите ќе бидат пречекани со пријатна музика од наши познати изведувачи. Се очекува настанот да биде добро медиумски покриен со што ќе се придонесе кон поголема јавна свесност во општеството за овој горлив проблем.

Целата манифестација ќе биде под генерално покровителство на првата дама на Р. Македонија, г-ѓа Маја Иванова.

 

 
< Претходно   Следно >
Почеток Контакт Линкови