МНЗА
Почеток
За МНЗА
Основачи
Извршен одбор
Членови и членство
Статут
Документи
Состаноци
Семинари и конгреси
МНЗА во медиумите
Контакт
Коментари
Галерија
Видео секција
Архива
Аутизам МК
Што е аутизам?
Права на лицата со аутизам
Дијагностички алатки
Организации
Научни проекти
Објавени трудови
Линкови
Пребарување
Најава





Си ја заборавивте лозинката?
Посетители

Пријатели

 

Tinex
ESIPP

 logo-za-mssa.png
 
Едукативна игра - Учиме Емоции
   
на официјалната web страница на МНЗА
Институт за дефектологија, Филозофски факултет
бул. Гоце Делчев, бр. 9А, 1000 Скопје
тел. +389-2-3116-520 (Лок. 234); факс. +389-2-3116-520 (Лок. 234)
E-mail: president@mssa.org.mk

EASPD EASPD Autism Europe GAC
Конференцијата „КОН ЖИВЕЕЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА: актуелни состојби и идни предизвици“ PDF Испечати Е-пошта

Почитувани колешки и колеги,

Имам особена чест и задоволство да Ве поканам на: конференцијата „КОН ЖИВЕЕЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА: актуелни состојби и идни предизвици“ што ќе се одржи во Скопје во периодот 7-9 октомври 2010 година.

Главната цел на конференцијата е да се олесни целосното вклучување на лицата со инвалидност во општеството, во духот на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност.

Тоа ќе се постигне преку богатство од дискусии за различните актуелни состојби во сите региони на Европа, бидејќи ние веруваме дека взаемното учење е клучот за успех. Говорници и учесници од сите делови на континентот ќе имаат можност да споделат искуства и да изградат мрежи на сите нивоа. Тоа треба да им овозможи подобро да ги разберат разликите помеѓу нив, но и да создаде услови за градење заедничка визија за тоа како конкретно да се придонесе за подобрување на условите за живот на лицата со инвалидност.

Дискусиите ќе бидат засновани на:

  • Специфичната состојба на релевантните чинители во областа на инвалидноста во различните региони на Европа и предизвиците со кои тие се соочуваат
  • Желбата да се промовираат, олеснат и зајакнат практиките на соработка помеѓу чинители во областа на инвалидноста
  • Меѓународните политики и текстови релевантни за оваа област

Кој треба да учествува?

  • Професионалци, обезбедувачи на сервисни служби
  • Лица со инвалидност и нивните семејства
  • Истражувачи и научни работници, едукатори
  • Креатори на јавните политики

Место на одржување: Хотел Континентал, Скопје, Р. Македонија

Активности на ЕАСПД: сабота, 9 октомври, 2010 година

Јазици: македонски, англиски, германски и француски

Организатори:

ЕАСПД, Македонското научно здружение за аутизам, Републички центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост – ПОРАКА, и  „Отворете ги прозорците“

Надоместок за регистрација:

  • Локални и регионални учесници: 20 евра

    Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Турција, Молдавија и Романија.

  • Членови на ЕАСПД од други земји: 100 евра
  • Сите останати кои не се членови на ЕАСПД: 150 евра

Надоместокот за регистрација опфаќа:

  • Конференциски материјали
  • Ручек и освежување за време на конференцијата
  • Вечера во четврток на 7 октомври, во организација на македонското Министерство за труд и социјална политика

Програмата може да ја симнете овде.

Повеќе ионформации на веб страницата

Во надеж дека ќе се видиме во октомври, срдечно ве поздравувам

Претседател на МНЗА

 
< Претходно
Почеток Контакт Линкови