Monthly Archives: January 2019

Втора научна ReAttach Конференција 29-30 Mај 2020 година Скопје, Македонија „Прифаќање на комплексноста има смисла“!

 

Покана за поднесување абстракти

 

Ве покануваме да поднесете абстракти за усна презентација и презентација на постери за втората научна ReAttach конференција што ќе се одржи од 29 до 30 мај 2020 година во Скопје. Настанот ќе биде организиран од страна на Меѓународната Фондација за ReAttach терапија од Холандија и Македонското научно здружение за аутизам од Македонија.

 

Главната тема на втората ReAttach конференција е „Прифаќање на комплексноста“. Аутизмот ќе остане една од главните теми на ReAttach конференцијата. Особено посебен акцент се става на достапни и прифатливи интервенции за поддршка на лицата со невроразвојни нарушувања.

Апстрактите треба да се поврзани со една од конференциските теми:

 

1. ReAttach

 

2. Аутистичен спектар на нарушувања

 

3. Невроразвојни нарушувања

 

4. Клиничка психијатрија

 

5. Невро-рехабилитација

 

6. Специјално образование

 

7. Моторни нарушувања

 

Потврдени главни говорници:

 

 

Проф. д-р Мајкл Фицџералд, Проф. д-р Донатела Марацити, Проф. Александер Б. Полетаев, Проф. д-р Мануел Казанова, Проф. д-р Мохамад Газиудин, Проф. д-р Владимир Трајковски, д-р Хана Алоним, д-р Ашутош Сриваста, д-р Пола Вееркамп-Бартоломеус.

 

Веб-страница на конференцијата Посетете ја страницата https://reattachconference.org за најновите информации за оваа конференција. Можете исто така да најдете тука водич за говорници и правила за поднесување на апстракти.